Љубителите на фудбалот во Штип на 12 септември ќе имаат ретка можност да присуствуваат на спектакуларен меч меѓу ветераните на Брегалница и Црвена звезда организиран по повод 100 години од постоењето на нивниот клуб, формиран во далечната 1925 година. Ќе имаат можност да ги видат најдобрите фудбалери на Брегалница, кои го прославија клубот со своите настапи не само во Македонската туку и во Втората лига на поранешна Југославија, да ги поздрават поранешните асови на повеќекратниот шампион на Југославија, кои ќе допатуваат во Штип. Некои да играат, другите да се дружат со своите штипски пријатели и другите познати фудбалери од Македонија кои ќе присуствуваат на овој спектакл. Своето доаѓање го најавија многу познати фудбалски имиња.
Брегалница веќе ги најави своите асови за овој спектакл кои го потврдија учеството: Стојан Арсов, Стојан Шумански, Стојан Коцев, Васил Коцев, Бото Цеков, Трајан Иванов, Стево Илиев, Атанас Костов, Никола Штериев, Никола Поплазаров, Владо Ристов, Михајло Петров, Мите Ѓорѓиев, Михајло Чаршавски, Мите Иванов, Боби Тенев, Методи Папаров, Љупчо Лазаров, Зоран Петров, Кире Герасимовски, Марјан Николов, Влатко Давитков, Дејан Дамјански, Мијалчо Маџунаров, Горде Здравков, Баже Петров, Драги Ефтимов, Влатко Костов, Кире Кузманов, Симе Нацев, Влатко Манев и Ѓоше Николов. Долг е списокот за играње и за претставување пред полни трибини, уште еднаш гледачите да ги поздрават своите миленици, незаборавените штипски фудбалски асови.
Ги дознавме и имињата на фудбалерите на Црвена звезда кои ќе играат против Брегалница и ќе бидат нејзини гости: Бошко Ѓуровски, Станислав Караси, Владимир Петровиќ – Пижон, Здравко Боровница, Зоран Филиповиќ, Недељко Милосављевиќ, Цвјетин Благоевиќ, Ненад Валиќ, Милош Бурсаќ, Зоран Јовичиќ, Александар Кристиќ, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Славољуб Јанковиќ, Зоран Николиќ, Милош Васиљевиќ.
Мечот се игра на 12 септември со почеток во 19 часот. Ќе суди еден од нашите најдобри поранешни меѓународни судии Ванчо Коцев, ќе му помагаат Ристо Георгиев и Kристијан Џонов, четврити судија ќе биде Крунослав Ѓоргиев. За овој меч отпечатени се и специјални билети.
М.Мицковиќ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

