Ракометарките на Романија стигнаа до првиот триумф во главната фаза во групата 2 која се игра во Скопје на Европското првенство за дами на кое домаќин покрај Македонија се и Словенија и Црна Гора, откако вечерва во премиерното коло од оваа фаза во неизвесен и трилер натпревар славеше над репрезентацијата на Шпанија со …
Романките одлично го отворија натпреварот и во еден момент во првото полувреме имаа предност и од три гола (10-7). Сепак следеше едне мал пад па на пауза заминаа со позитива од само плус еден 12-11. Во вториот дел се играше во егал се до самиот финиш во кој Романките преку Базалиу со звукот на сирената успеа да стигне до триумф од 28-27.
Пинтеа со седум погодоци беше најефикасна кај Романките, додека кај поразените по четири дадоа Бермехо и Гонзалез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА