По сезоната за заборав во која не освои ниту еден трофеј кошаркарскиот клуб Партизан направи целосен ремонт на тимот, а сега умешно ги крие новите засилувања, освен дел од нив кои официјално ги промовираше преку социјалните мрежи.
Официјално „црно-белиот“ дрес во новата сезона ќе го носат Френк Нтиликина, Ифе Лундберг и Вања Маринковиќ, а останатите седум нови кошаркари ќе бидат промовирани на спектакуларен и досега невиден начин, преку „Црно-бела симфонија“ која Партизан ја закажа за понеделник, 19. август од 20 часот.
За истата беа пуштени карти во продажба, а распродадени за рекордни 90 секунди, се пофали белградскиот евролигаш преку социјалните мрежи.
Za svega 90 sekundi, rasprodate su sve ulaznice za CRNO-BELU SIMFONIJU! U ponedeljak, 19. avgusta, upoznaćete crno-beli tim.🎶⚫️⚪️#KKPartizan pic.twitter.com/9vzcBW3Bzv
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) August 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА