Возачот на Дукати, Франческо Бањаја победи на трката во Херес на патеката „Мигел Анхел Нијето“.
Во крајно драматична трка, вистински спектакл на патеката, на крајот во последниот круг се влезе со предноста на Бањаја во однос на Квартараро за околу половина секунда, додека Еспаргаро ги искористи грешките на Милер и Маркес и се одвои на третата позиција.
Маркес сепак дојде до четвртото место, а Бањаја си ја осигура првата победа во сезоната пред Квартараро и Алеш Еспаргаро.
Ова е трета победа на Дукати во Херес.
Hats off @PeccoBagnaia! 👏
That was an INCREDIBLE ride! 🔥#SpanishGP 🇪🇸 pic.twitter.com/fQVOdmVStv
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 1, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА