На боксерскиот егзибициски меч, Јутјуберот Логан Пол ги издржа сите осум рунди со Флојд Мејведер, можеби најдобриот боксер во последните триесет години.
На стадионот „Хард рок“ во Мајами, пред повеќе од 60 000 гледачи, се реализираше долго најавуваниот меч што многумина го гледаа со потсмев. Сепак, не само што стадионот беше полн, туку и ТВ медиумите го срушиле својот рејтинг на гледаност.
Не беше особено возбудливо во самиот ринг. За време на осумте рунди, видени се вкупно 73 удари кои ја погодија целта, а Мејведер ја имаше доминацијата. Кога Пол сфати дека не може да нападне, тој најчесто се обидуваше да го фати Мејведер во клинч и со тоа да остане на нозе сите осум рунди.
„Само сакам некој да ми каже дека нешто е невозможно. Фактот дека сум тука со најголемиот на сите времиња покажува дека е можно да се успее и покрај малите шанси. Секој може да направи големи работи. Флојд Мејведер, ми беше чест“, рече 26-годишниот Пол.
Мејведер се повлече од професионалниот бокс во 2017 година, откако ја победи ММА ѕвездата Конор Мек Грегор. Тој во кариерата има скор 50-0, а по таа борба рече дека ќе се бори само на вакви егзибициски меч.
„Се забавував. Мора да разберете дека тој веќе нема 21 година. Пол беше подобар отколку што мислев“, изјави 44-годишниот Мејведер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА