Бешикташ го победи Генчлербирлиги со 2-0 во 26. коло од турската Суперлига, а натпреварот во Анкара беше обележан со спектакуларен гол од слободен удар на Оркун Кокчу.
Се играше 67. минута кога Бешикташ доби прекршок речиси кај корнер знаменцето, па многумина очекуваа дека Кокчу ќе ја нафрли топката во шеснаесетникот на домашниот тим од таа позиција, но овој играч од средниот ред изведе вистинско ремек-дело.
ГОЛОТ НА КОКЧУ НА ОВОЈ ЛИНК
Кокчу успеа да постигне спектакуларен гол за 0-2 од речиси невозможна позиција и дури доби аплауз од домашните навивачи за мајсторијата која ретко се гледа.
По 26 одиграни кола, тимот на Бешикташ е четврти на табелата со 49 бода и е дури 15 бода зад лидерот Галатасарај. Од друга страна, Генчлербирлиги е на 13. место со 25 бода и за овој клуб сигурно ќе има борба за опстанок во остатокот од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

