Спектакуларен гол со ножички за реми меѓу Брајтон и Борнмут (ВИДЕО)

Брајтон и Борнмут одиграа без победник 1-1 во последниот натпревар од 22. коло во Премиерлигата. Виден е спектакуларен гол на Гркот Костулас, можеби еден од најдобрите во оваа сезона во Премиерлигата.

Најпрво први во водство дојдоа гостите преку Таверние од пенал во 32. минута од средбата. Брајтон веднаш можеше до израмнување, но Петровиќ успеа да одбрани, а потоа стативата го спаси домашниот тим, откако Еванилсон шутираше во 39 минута.

На израмнување се чекаше до судиското надополнување, а потоа спектакуларен гол на нововлезениот грчки интернационалец Костулас. Со ножички од 16 метри успеа да го погоди горниот десен агол од голот на Петровиќ, и да донесе бод за својот тим. 

Се вчитува...