Спектакуларен летен трансфер во најава: Дембеле се сели во Премиерлигата!?

Усман Дембеле минатата сезона стана најдобриот играч на ПСЖ. Ја предводеше екипата до тројна круна, до прв трофеј во Лигата на шампионите, а потоа ја освои и Златната топка.

Французинот пристигна во Париз од Барселона летото 2023 година, и според последните информации од Франција, веќе се заситил со играње за овој тим, и сака нов предизвик.

Во минатото Дембеле беше дел од Барселона, каде имаше големи проблеми со повреди, за во ПСЖ, конечно, да го покаже својот квалитет.

Како следна дестинација на Французинот се споменува Премиерлигата, и тоа тимот на Манчестер Сити, кој е подготвен да плати 100 милиони евра, за да го ангжира одличниот крилен играч.

Покрај Сити, будно ја следат состојбата и Арсенал, но клубот од Лондон не е подготвен да плати толку пари.

По спектакуларните бројки минатата сезона, во оваа Дембеле не е ниту блиску до таа цел, па затоа можеби е време ПСЖ да се фокусира кон друго решение и да прифати една од скапите понуди.

Се вчитува...