Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез ја одбрани титулата светски шампион во суперсредна категорија во верзиите на ВБА, ВБО и ВБЦ.
Алварез утрово во Лас Вегас во извонредна борба го победи Американецот Едгар Берланга, доаѓајќи до триумфот со едногласна одлука на судиите (117-110, 118-109 и 118-109).
Мексиканскиот боксер досега во кариерата има 62 победи, две нерешени борби и два порази. Берланга, пак, досега има 22 победи и еден пораз.
CANELO ALVAREZ
WITH THE 3RD ROUND KNOCKDOWN‼️#Boxing #CaneloBerlanga
💥💥🥊🥊🥊— Danny (@dantheboxingman) September 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА