СПЕКТАКУЛАРНА БОРБА: Македонецот Волкановски е повторно УФЦ шампион! (ВИДЕО)

Македонецот Алексндар Волкановски е повторно УФЦ шампион враќајќи го појасот во своја сопственост откако на спектаклот во перолесна категорија славеше по пет рунди борба против Бразилецот Диего Лопез.

Волкановски победи со едногласна одлука на судиите и се врати на шампионскиот престол, откако Илија Тупурија одлучи да ја напушти оваа перо категорија, да оди во степен потешка, а со тоа му даде шанса на Волкановски да си го врати појасот.

Во борба во пет рунди, Волкановски беше максимално фокусиран и беше подобар во најголемиот дел од мечот. Зададе многу повеќе прецизни удари. Диего Лопез имаше свои моменти но македонскиот борец беше подобар, а така пресудија и судиите.

Одлуката на тројцата судии беше едногласна 48-47, 49-46, 49-46 за Македонецот со австралиски пасош.

Се вчитува...