Навивачите на полската Легија уште еднаш со феноменална кореографија ја воодушевија Европа. На натпреварот од плеј-офот за Лигата на Европа против Шериф испратија нова порака до УЕФА.
УЕФА претходно ја казни Легија со 35.000 евра поради огромната кореографија од минатиот натпревар преку која навивачите потсетија на стотиците илјади убиени Полјаци од Втората светска војна. Сето тоа ја згрози Европа и целокупната европска јавност. Како можеше Легија да добие казна за такво нешто?
Па, тоа не го заборавија фановите на Легија кои сега со нова спектакуларна кореографија УЕФА ја претставија како „свиња која само собира пари“ а со кореографијата не пропуштија да скандираат „Е.. ја УЕФА“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА