Бобан Илиоски запиша спектакуларна победа на ВАКО-ПРО турнирот, емитуван во живо на „Арена фајт“ победувајќи го Месуд Селимовиќ од Босна и Херцеговина со прекин во првата рунда.
Тренерот на Бобан а воедно и претседателот на Кикбокс Маи-таи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко е презадоволен од борбата на својот пулен, и начинот на кој дојде до триумфот.
„Бобан прикажа борба во својот офанзивен стил кој нему му лежи впуштајќи се во рингот самоуверен дека ке победи. На противникот му направи таква пресија што тој воопшто не можеше да возврати ниту еден удар така што Боби ја доби борбата во првата рунда со нокаут со колено во глава“ – ни изјави првиот човек на Кикбокс маи-таи федерацијата на Македонија.
Митровски дополнува дека во наредниот период ќе бидат прифатени сите понудени борби како би се подготвил за престојното светско WАКО првенство, која светската титула веке три години по ред за влакно Македонија ја пропушта. Оваа година зацртано е да се освои.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА