Македонскиот автомобилист Ристо Вуков стигна до втората победа на втората трка сезонава на кружни патеки во автомобилистичкиот шампионат на Србија. По освојувањето на пол-позицијата на патеката крај Бања Лука, Рико имаше предност во 2/3 од трката, потоа на четири круга до крајот ја загуби првата позиција, но во последниот круг успеа да се врати таму каде што припаѓа.
„Знаев дека ќе биде екстремно тешко, напоменав уште пред стартот на сезоната дека ова ќе бидат тесни трки, нема опуштање до последниот свиок, конкуренцијата едноставно не ти дава да дишеш. Најдов сила да се вратам во последниот круг, откако го загубив првото место. Им благодарам на сите од мојот тим што беа до меме и со мене, ова е посебна и емотивна победа за мене. Не застануваме тука“ – рече Рико, по победата.
Македонецот ја мина целта пред Часлав Тошиќ, кој што имаше и најбрз круг, а трет заврши Душан Настасијевиќ.
Со овој доминантен почеток, Ристо Вуков е лидер во генералниот пласман со по две победи на две трки и во македонскиот (Кичево 1 и 2) и во српскиот шампионат (Нови Сад, Бања Лука), кои што сезонава се отворени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА