Спектакуларна вечер во чест на Макси Родригез: Меси со феноменален гол, Батистута по 20 години заигра фудбал (ВИДЕО)

Њу Олд Бојс и Аргентина синоќа во Росарио одиграа убав ревијален натпревар во чест на Макси Родригез кој се збогуваше од фудбалот.

Во родниот град брилјираше Лионел Меси кој успеа да постигне хет-трик, а сите зборуваат за магијата во 4. минута и зошто е „доктор за слободни удари“.

Макси Родригез на својот натпревар за збогум успеа да ги собере најголемите аргентински ѕвезди, а поранешниот фудбалер на Ливерпул играше синоќа и за двете екипи за кои успеа да се запише во листата на стрелците. Навивачите можеа да уживаат во вистински спектакл со дури 12 гола, а после долго време заигра дури и Габриел Батистута кој исто така постигна гол.

Секако, за одбележување е голот од слободен удар во 4. минута на Меси кои фудбалерите на Њу Олд Бојс се обидоа да го запрат на разни начини.

На крај Њу Олд Бојс победи со 7-5. Некои од головите беа навистина спектакуларни кои вреди да се погледнат.

Се вчитува...