Крајот на летниот преоден рок може да донесе спектакуларна замена на фудбалери помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
На правец кон „Стемфорд Бриџ“ може да заврши непосакуваниот англиски репрезентативец Џејдон Санчо, а во спротивна насока да тргнат „отпишаните“ Рахим Стерлинг и Бен Чилвел.
Овој трансфер не би бил само во полза на клубовите кои би се решиле од незадоволните фудбалери, туку и во полза на самите играчи кои посакуваат да останат во татковината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА