Спектакуларната борба на Бобан Илиоски до светскиот врв низ фотографии (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски синоќа се закити со титулата светски професионален шампион во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1 (до 88,6 килограми), откако во спектаклот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со одлука на судиите славеше со 2-1 против актуелниот светски аматерски шампион Берк Дузенли од Турција.

Македонија првпат беше домаќин на еден ваков кикбокс-настан, во организација на Кикбокс маитаи-федерацијата на Македонија. Низ прекрасен амбиент на крај Македонија се радуваше на светскиот шампион кој ја заслужи победата со далеку подобрата трета рунда.

Илоски, кој е актуелен светски и европски ВАКО-аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Македонија – спортист на годината за 2023 година, не може да ја сокрие возбудата од големиот успех притоа истакнувајќи дека ова за него е долгогодишен сон.

А, патот на Бобан Илиоски до светската шампионска титула овој пат низ објективот на ЕКИПА….

 

Се вчитува...