СПЕКТАКУЛАРНО: Андора му даде гол на Лихтенштајн од својата половина (ВИДЕО)

Луд натпревар се одигра во Ла Вела, каде што домашната Андора го совлада Лихтенштајн во натпревар во Лигата на Нации. Андорците на крајот славеа со 2-1, а неверојатен беше вториот гол на домашната селекција.

Фудбалерот на Андора Хесус Рубио, од својата половина погоди во мрежата на Лихтенштајн. Рубио можеби сакаше само да ја исфрли топката што подалеку од неговата половина, но таа го лобуваше гостинскиот голман и заврши во мрежата.

Дури и коментаторот „полуде“ по овој гол на Андора. Погледнете го видеото:

Се вчитува...