Спектакуларно белградско дерби со шест гола: Партизан од пенал до бод на „Маракана“ (ВИДЕО)

Во спектакуларен натпревар во српската Супер-лига, најголемите ривали Црвена Звезда и Партизан одиграа нерешено 3-3 во 175. дерби во историјата меѓу овие два тима. Двата тима се сменија во водство, а конечниот резултат беше решен дури во 5. минута од судиското надополнување кога „црно-белите“ добија пенал по пргледување на ВАР снимката.

Партизан по првиот дел имаше предност со голот на Ибрахим Зубаиру во 8. минута.

Сепак, за само пет минути со двата гола на Ндиаје, Црвена Звезда на стартот на вториот дел направи пресврт. Партизан преку Ковач успеа да израмни, но Иваниќ одново ги однесе „црвено-белите“ до втора предност.

Во судиското надополнување Партизан доби шанса од белата точка, откако се прегледуваше ВАР снимката, па Николиќ го реализираше пеналот за конечни 3-3.

Бојан Димоски од клупата на Партизан го проследи целиот натпревар.

Се вчитува...