За само седум минути беа распродадени билетите во салата „Боро Чурлески“ за дербито помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое се игра во сабота во 18 часот, соопштија од битолскиот клуб.
Тоа значи дека ќе биде спектакуларно дерби, со присуство на двете навивачки групи, и со дуел меѓу двата тима, кои се претенденти за титулата, заедно со Алкалоид.
„Комити“ вчера го најавија присуството на трибините, со што ќе биде дуел и на теренот, и на трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА