Три гола, поништени три гола, нереализиран пенал, многу дуели, незадоволство од Винисиус, поништен пенал… Сето ова го одбележа првото Ел Класико во оваа сезона во шпанската Ла Лига, кое го доби тимот на Реал Мадрид со 2-1. Барселона играше ослабена, дополнително и без Ханс Флик на клупата поради суспензија, и на крајот мораше да му честитаат на противникот. Дојдоа до израмнување, но не успеаја да издржат многу, а во финишот не најдоа начин како да дојдат барем до израмнување. Од друга страна Реал Мадрид можеше да слави и поубедлив триумф, да искористеше уште некоја од шансите кои ги имаше.
По само три одиграни минути од мечот, Реал Мадрид доби пенал откако во дуел беа Винисиус и Јамал. Прво судијата Сото Граде го окаректиризира како прекршок врз играчот на Реал Мадрид, а потоа по преглед на ВАР снимката, потврди дека всушност Винисиус стартувал, и досуди прекршок за Барселона.
Во 12. минута се тресе мрежата на Барселона. Мбапе постигна прекрасен гол од 25 метри. Меѓутоа се потврди дека милиметри бил во офсајд напаѓачот на „кралевите“.
Сепак, во 22. минута Мпабе постигнува нов гол, овој пат се е чисто, па води домашниот тим со 1-0. Доби топка од Белингем, избега недозволена позиција, и го совлада Шчесни.
Но, радоста на „Каталонците“ не траеше долго, затоа што Белингем во 43. минута ја круниса со гол акцијата која ја почнаа Винисиус и Милитао. Во финишот од првиот дел Мбапе постигнува гол, но е во офсајд позиција.
Возбудувањата продолжија и во вториот дел. Беше досуден пенал по играта со рака на Ерик Гарсија, а во 52. минута Мбапе не го реализираше пеналот. Херој на Барселона во тие моменти беше Шчесни кој го одбрани ударот.
Белингем постигна уште еден гол, кој беше поништен поради офсајд. Потоа од игра беше повлечен Винисиус, кој имаше што да каже, односно беше крајно незадоволен од тоа што излезе од теренот.
До крајот на мечот Бсарселона не најде можност да ја „скрши“ одбраната на Реал и да дојде барем до бод од ова „Ел Класико“. Згора на тоа, Педри доби втор жолт и црвен картон. Со оваа победа Реал Мадрид се одвои на чело на табелата во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

