СПЕКТАКУЛАРНО: Феноменално простување на Копа Америка од Диего Армандо Марадона

Организаторите на Копа Америка смислија спектакуларен начин за да се простат од Диего Армандо Марадона, кој почина во ноември 2020 на 60-годишна возраст.

Непосредно пред премиерниот дуел на Аргентина на ова натпреварување, против селекцијата на Чиле, на теренот беше изведено фантастично холографско шоу, со кое беа прикажани дел од мајсториите на легендарниот Аргентинец, кој ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Погледнете како изгледаше овој спектакл…

Се вчитува...