Драматично финале во АКН: Мароко доби пенал во продолжението, Менди ја одбрани „паненката“ на Дијаз (ВИДЕО)

Финалето на Африканскиот Куп на Нации донесе огромни возбудувања во финишот на мечот, откако Мароко може да жали што не победи откако доби пенал длабоко во судиското надополнување.

Револтирани од одлуката на судиите, Сенегалците го напуштија теренот, и не сакаа да го доиграат мечот во 96. минута. После неколкуминутно натегање, на сцена стапи Садио Мане, кој ги „вадеше“ соиграчите од соблекувалната, и се чини направи исправен потег.

Знаејќи дека на Сенегал ќе му се закани службен пораз, ги врати играчите, а Дијаз се обиде со „паненка“ да го совлада Менди, но овој остана на гол линијата и му го одбрани ударот.

Сега мечот оди во продолженија.

Се вчитува...