Прекрасен меч одиграа мадридските тимови Рајо Ваљекано и Реал во 17. коло од шпанската Ла Лига. На крајот заврши без победник 3-3. Рајо имаше предност од 2-0, потоа Реал поведе, па Рајо израмнуваше, за на крај „кралевите“ да бидат и блиску до победата, но не успеаја да дојдат и до четврти гол.
Изненадувачки, Рајо поведе со 2-0 за само 36. минути. Лопез во 4. минута се погрижи за 1-0, а потоа Мумин во 36. минута зголеми на 2-0. Сепак, Реал Мадрид уште побрзо се врати.
Валверде во 39. минута намали, а Белингем во 45. минута израмни. Реал Мадрид имаше цело полувреме да дојде до пресврт, и успеа во тоа.
Родриго во 56. минута носи прво водство за „кралевите“ на овој меч. Не за долго, затоа што осум минути подоцна Рајо доаѓа до израмнување на 3-3 со голот на Палазон.
До крајот фудбалерите на Реал Мадрид се обидоа да дојдат и до триумфот, а на крајот можеше и Рајо да дојде до сите бодови, откако Куртоа спасуваше по ударот во 96. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА