Спектакуларно претставување на Бензема пред 62.000 навивачи: Шеикот му подари и… (ВИДЕО)

Карим Бензема на спектакуларен начин беше претставен во својот нов клуб Ал Итихад во Саудиска Арабија.

Бензема вечерва беше претставен на стадионот „Крал Абдула“ пред 62.000 гледачи на начин досега незапаметен во светот на фудбалот, со кој целосно го засени Кристијано Роналдо и неговото доаѓање во Ал Наср пред неколку месеци.

Посебно за издвојување е сцената кога беше донесен ковчег во кој се наоѓаше она за што сонува секој фудбалер… Кога шеикот го отвори куферот, самиот Бензема воздивна погледнувајќи ја „Златната топка“…

Бензема потпиша договор со шампионот на Саудиска Арабија до 2026 година со плата до 200 милиони евра годишно.

Се вчитува...