Спектакулaрен гол: Адамс со бомба од 30 метри го совлада легендарниот голман (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Соединетите американски држави во синоќешното финале на КОНКАКАФ Лигата на Нации славеше со 2-0 против Мексико во натпреварот кој беше одигран во Тексас.

До триумф САД ги предводеа репрезентативците кои доаѓаат од Европа, Тајлер Адамс и Џовани Рејна кои стрелаа во 45. и 63. минута, а првиот од двата гола беше навистина спектакуларен.

Фудбалерот на премиерлигашот Борнмут при самиот крај на првото полувреме на додавање на Мекени се обиде од далечина од 30 метри и ја затресе мрежата на немоќниот легендарен мексикански голман Гилермо Очоа.

Се вчитува...