19 атлети со атипичен развој ќе настапат на Летните олимписки игри кои од 12-26 јуни ќе се одржат во Берлин, со учество на преку 7000 спортисти од 190 земји како и 20.000 волентери.
Mотото „Дозволи ми да победам, ако не можам, дозволи ми барем да се обидам” треба да претставува иницијатива и апел до сите спортски работници и други институции, да се поддржат овие атлети во остварување на своите цели.
На пресот со свои видувања се обратија водечките лица од специјална олимпијада Македонија, Моника Бошкоска и Драган Караџовски.
Македонските претставници ќе настапат во пет дисциплини: пливање, кошарка, бадмингтон, атлетика и пинг понг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА