Жозе Мурињо има договор со Манчестер јунајтед до 2019 година и веќе почна преговори за негово продолжување, но „специјалниот“ во меѓувреме и почна да флертува со Пари сен Жермен. Огромните суми што „светците“ ги издвоија на нови фудбалери станаа интересни за Мурињо, кој во изјава за британските медиуми најави дека Париз важи за негов омилен град.
„Се уште сум тренер со амбиции и со желба да пробам некои други работи. Убеден сум дека нема да ја завршам кариерата во Манчестер јунајтед“ – истакна Мурињо, па додаде: Мојот син кој живее во Лондон неодамна отиде во Париз да гледа меч на ПСЖ. Тој не ги гледа средбите во Манчестер. Зошто Париз? Бидејќи тоа е магичен град, таму има нешто посебно, се е фантастично“ – објасни трофејниот стратег.
Медиумите на „островот“ оваа изјава ја карактеризираат како притисок врз газдите на Јунајтед да ги исполнат барањата во преговорите за нов договор. Сепак, доколку ПСЖ сезонава не стигне далеку во ЛШ речиси сигурно е дека на Унаи Емери ќе му биде врачен отказ. А тогаш нема да биде никакво изненадување доколку амбициозните газди на клубот од Париз од неколкуте „специјални засилувања“ донесат и „специјален тренер“ на клупата.
Мурињо има титули во Португалија, Шпанија, Италија и Англија, но доколку се пресели на „Паркот на принцовите“ од него покрај трофеј на домашната сцена ќе се бара и европска круна, нешто што досега му успеа со екипите на Порто и на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА