„Специјалниот“ во свој стил го „откачи“ Реал Мадрид: „Не ми треба таква сапуница“

Жозе Мурињо нема намера да ги разгорува гласините за враќање во Реал Мадрид.

Некои медиуми пишуваа за одличниот однос меѓу Флорентино Перез и португалскиот стручњак, кој седеше на клупата на Реал Мадрид од 2010 до 2013 година и во тој период освои „само“ една титула, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија, по што неговата кариера тргна надолу.

Иако моментално е на клупата на Бенфика, каде што е исто така под огромен притисок, Мурињо нема намера да се врати во Мадрид.

„Враќање во Реал Мадрид? Нема да ме видите во таа сапуница. Има добри сапуници, но траат предолго. Ако пропуштите една или две епизоди, сте изгубени. Не сметајте на мене, бидејќи не сакам такви драми “, рече дипломатски настроениот Мурињо.

Се вчитува...