Спинацола: Доаѓам на „Вембли“ да го гледам финалето

Италија ќе има специјална поддршка на финалето од ЕВРО 2020 откако Леонардо Спинацола обелодени дека ќе биде присутен утревечер на „Вембли“ за да им даде поддршка на своите репрезентативни колеги во најважниот меч на оваа генерација.

Левиот бек беше најдобар италијански фудбалер во првата фаза од шампионатот, но на четвртфиналето со Белгија заработи тешка повреда на тетивата. Спинацола веднаш беше опериран, го очекува пауза од најмалку половина година, но повредата нема да го спречи да патува во Лондон.

„Нема дилема, одам во Лондон за да бидам со моите пријатели за да им дадам поддршка кога им е најпотребна. Ние сме фантастичен тим, едно вистинско големо семејство. Благодарен сум за поддршката што ја добивав од момците кога ми беше најтешко, сега е време да им вратам“, истакна Спинацола.

Се вчитува...