ЕКИПА во Вадуз, Лихтенштајн
Никола Ѓуровски
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ќе го има на располагање и Стефан Спировски за утрешниот квалификациски меч против Лихтенштајн. Делегатот на натпреварот даде дозвола тој да настапи со лонгета на десната рака, која ќе биде дополнително обвиткана и со заштитен завој, поради скршеницата на палецот.
Оваа информација сигурно е добредојдена за Ангеловски, па се очекува фудбалерот од средниот ред на Вардар да биде и стартер на утрешниот дуел. Тој треба да делува во маневарот, заедно со неговиот клупски соиграч, Бобан Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА