Шкендија и Пелистер играат нерешено 1:1 после првото полувреме во 25. коло од ПМФЛ. Во 45. минути со малку возбудувања и многу борба, Пелистер имаше предност, а Шкендија мораше да израмнува пред самиот финиш.
Ибраими имаше прилика во 9. минута, топката мина само крај голот. Во 33. минута Красниќи ја тресе мрежата на Пелистер, но голот е поништен поради офсајд.
Во 36. минута одлична акција на Пелистер, неколку додавања во шеснаесетникот, а во финишот Булатовиќ додаде до Спировски, кој од прва шутираше во горниот лев агол од голот на Гаје.
Во 44. минута Ибраими по одлична акција и додавање на Зејнулаи, од левата страна рутински стрела во мрежата на Јовчевски за израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

