Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за Европското првенство. Стефан Спировски вели дека е голема чест што е дел од оваа репрезентација. Тој вели дека во неговиот АЕК се пресреќни што за првпат ќе имаат двајца фудбалери во него и Иван Тричковски што ќе го претставуваат овој клуб на големо натпреварување и дека голем дел од Кипар ќе навива за нашата репрезентација на шампионатот.
„Сите собири за репрезентација се релативно исти, така да нема притисок тоа што играме на Европско. Прв настап на Европско првенство за нас е голема работа која со нетрпение ја очекуваме. Сепак, нема некој посебен притисок. Веруваме во себе и подготвени сме да ја израдуваме нацијата. Еуфоријата што беше веќе помина. Сега се стремиме кон нови цели. Се подготвуваме максимално. Имаме доволно време до првиот натпревар имаме и две пријателски средби. Ќе гледаме да се подготвиме колку што можеме подобро. Чекор по чекор, па на крај зошто да не и да поминеме групи. Трема имам само некоја помала, но одговорност голема. Ќе се обидеме да направиме што подобар резултат и да се вратиме од шампионатот задоволни. Чест е што сум дел од оваа репрезентација веќе пет и пол години со овој селектор. Одговорност имама голема што ќе ја претставувам Македонија на големо натпреварување. Со нетрпение го очекувам првиот натпревар и се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени. Ни значи поддршката од медиумите и од луѓето. Во мојот клуб АЕК среќни се што првпат ќе имаат фудбалери во мене и Тричковски кои ќе ги претставуваат на големо натпреварување. Верувајте Македонија ќе има многу навивачи во Кипар на Европското првенство“, изјави Спировски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА