Спировски им се приклучи на вардарци во Анталија

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски се приклучи на подготовките на актуелниот шампион Вардар на подготовките во Анталија. Тој во изминатиот период остана во Скопје за да го мине рехабилитацискиот процес поради повредата на препоните. Сега е подготвен за да продолжи со подготовките заедно со останатиот дел од тимот на „црвено-црните“, иако уште неколку дена ќе тренира под посебен режим.

„Среќен сум што сум повторно со моите соиграчи. Се чувствувам многу подобро и верувам дека набрзо ќе бидам подготвен да се вратам на терените“, изјави Спировски за официјалниот сајт на Вардар.

 

Се вчитува...