Спировски прави „кам-бек“ на Кипар

Репрезентативецот Стефан Спировски во моментов се наоѓа на Кипар, каде што чека финализирање на трансферот во еден кипарски прволигаш, дознава ЕКИПА. Спировски играше на Кипар во дресот на АЕК Ларнака во сезоната 2020-2021, од каде потоа замина во Украина во Мариупол, но малку се задржа и сега е во потрага по нов ангажман.

За Спировски покрај кипарски, се интересираат и унгарски клубови, меѓутоа веројатно ќе се врати на Кипар, и во следните неколку часа ќе се случи трансферот.

Покрај АЕК Ларнака и Мариупол, во минатото Спировски беше дел од Хапоел Тел Авив, Ференцварош, Вардар, Работнички, Берое, Борац Чачак, а кариерата ја почна во Пелистер кој му е матичен клуб. Тој е актуелен репрезентативец, за селекцијата има одиграно 46 натпревари, а голема е веројатноста да се најде во националниот тим за бараж дуелот со Италија на крајот од март.

Се вчитува...