Стефан Спировски од денеска и официјално е нов член на Ференцварош, комплетирајќи го трансферот од редовите на Вардар. Оваа преселба беше најавена непосредно по пласманот на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, за денеска Спировски да отпатува во Унгарија и да го стави својот потпис на тригодишниот договор со новиот клуб.
„Се чувствувам прекрасно, ова е нов предизвик за мене“ – кратко изјави македонскиот играч за врска по потписот на договорот со новиот клуб.
Тој е вториот стандарден првотимец што Вардар го продава во текот на летниот преоден рок, по заминувањето на Балотели во Катар.
Стефан Спировски ќе биде во комбинација за настап за Македонија на претстојните две квалификациски средби, против селекциите на Израел и на Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА