Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари за ЕП 2024 против Италија (17. ноември) во Рим и против Англија во Скопје (20. ноември).
Играчот од средниот ред Тихомир Костадинов после долго време се враќа на терените, после тешката повреда. Селекторот Милевски се реши и на овој собир да не ги повика Дориан Бабунски и Илија Несторовски, кој не беа во комбинација ниту за минатите мечеви против Украина и против Ерменија.
На списокот на селекторот Благоја Милевски за последните два меча од квалификацискиот циклус се наоѓаат следните 25 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија
Тодор ТОДОРОВСКИ – ЗТЕ, Унгарија
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија
Јован МАНЕВ – Осјек, Хрватска
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија
Бојан ДИМОСКИ – Акрон, Русија
Ахмет ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска
Стефан АШКОВСКИ – Раднички Ниш, Србија
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска
Аријан АДЕМИ – Динамо Загреб, Хрватска
Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска
Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска
Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија
Исник АЛИМИ – Сепси, Романија
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска
Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка
Дарко ЧУРЛИНОВ – Барнли, Англија
Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија
Ердон ДАЦИ – Вестерло, Белгија
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА