Сплит го шокираше Партизан сред Белград

Партизан го претрпе шесттиот пораз во АБА лигата откако во 19. коло загуби на домашен терен од Сплит со резултат 67-74. Хрватскиот тим по изедначената прва четвртина успеа да го наметне своето темпо и да стигне до високи +20 (35-55) во третата четвртина, негатива која белграѓани успеаја да ја надоместат и покрај налетот на крајот на третата четвртина и самиот финиш на мечот.

Со 10 поени Нанали беше прво име кај Партизан, додека на спротивната страна за Сплит 18 поени постигна Шортер.

Тренерот Жељко Обрадовиќ на овој натпревар одлучи да ги одмори едни од подобрите играчи во својот тим, Американците Кевин Пантер и Пи-Џеј Доузер, а на теренот беше видлив и заморот од двојното коло во Евролигата па пораз беше неизвежен.

Претходно пораз претрпе и Црвена Звезда во дербито на колото против Будуќност во Подгорица.

Се вчитува...