Сплит „гори“: Еврогол на Ракитиќ, Хајдук пак е лидер на табелата

Хајдук не игра на највисоко ниво, но она што е најважно, сплитскиот тим успеа да слави на денешниот дуел против Шибеник (1-0) и да го искористи „киксот“ на Ријека, искачувајќи се на првото место на табелата во хрватскиот шампионат.

Во главна улога беше Иван Ракитиќ, откако хрватскиот ветеран постигна еврогол од слободен удар предизвикувајќи еуфорија меѓу домашните навивачи на „Пољуд“. Избраниците на Гатузо се мачеа да го скршат отпорот на „фенерџијата“ на табелата, едвај создавајќи две шанси во првото полувреме што гостинскиот голман успеа да ги одбрани.

Сепак, клучен момент беше 57. минута кога Цвек доби директен црвен картон за прекршок како последен играч во одбраната. Беше досуден слободен удар на дваесетина метри од голот на Шибеник, што Ракитиќ во манир на голем стрелец го претвори во водечки погодок.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...