Адем Мекиќ имаше одлично деби во дресот на Задар. Репрезентативецот за прв пат „сино-белиот“ дрес го облече во хрватското дерби против Сплит во првото коло од плеј-офот, но двоцифрениот поентерски учинок на Македонецот за жал на крајот на беше доволен за победа на задрани.
Задар беше подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот, постојано го контролираше резултатот, а на 2:13 секунди пред крајот имаше и предност од седум поени (80-73). Но, гостите се погрижија за целосен пресврт. Сплит го заврши мечот со серија од 11-3, а и покрај тоа што на Задар му припадна и последниот напад на средбата, Лакиќ промаши во својот обид за гостинска победа од 83-84.
Мекиќ натпреварот го заврши со 15 поени при реализација 6/7 за два и 1/3 за три поени со што беше трет најдобар поентер на Задар. Згора на тоа додаде и 4 скока, една асистенција и една украдена топка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА