Еден од најславните фудбалски клубови во регионот, сплитски Хајдук ќе биде гостин на Осогово одигрувајќи пријателски натпревар со македонскиот второлигаш во Кочани, информираше градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.
„Со гордост ви соопштувам дека по средбата со претседателот на Хајдук Сплит, Иван Билиќ, се договоривме за пријателски натпревар меѓу Осогово и Хајдук во август 2026 година на нашиот „Никола Мантов“. Во знак на спортско пријателство со претседателот на Хајдук разменивме дресови на двата клуба. Ова ќе биде историски настан за Кочани и огромен спектакл за сите што го носат жолто-синиот дух во срцето. Време е Осогово да го добие празникот што го заслужува и да покаже дека е подготвено за ново поглавје“ – информира Крстевски.
Поддршка за организацијата на фудбалскиот настан во Кочани, на средбата во Сплит, дал и заменик-градоначалникот на Сплит, Иво Билиќ.
„Покрај спортската соработка отворивме врати и за културата и туризмот. Веќе следната година во Сплит ќе се одржат ‘Денови на кочанскиот ориз’, со што Кочани ќе се претстави пред Европа на најубав можен начин. Овој натпревар ќе биде симбол на нов почеток. Заедно да покажеме дека знаеме да го наполниме стадионот, да го кренеме градот и да го вратиме Осогово таму каде што му е вистинското место“ – истакнува Крстевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

