Сподели ја страста, биди дел од магијата: Пријави се во Хоби Фер Плеј лига

Хоби Фер Плеј лига, забава за оние кои на фудбалот гледаат како опуштање и значајно натпреварување во мал фудбал за 42 екипи кои ќе се натпреваруваат за насловот во лигата. Комбинација на страст и фудбалски предизвик, можност да се почувствува и ослободи адреналинот во овој период кога сме речиси затворени во домашен амбиент.

Одлична можност за компаниите да имаат тим – билдинг со фудбалски набој.

Новото издание на Хоби лигата почнува на 29 март, а 42 тима во наредните шест месеци ќе се натпреваруваат за титулата најдобри. Натпреварите ќе се одржуваат од понеделник до петок во спортски центар Димитар Миладинов и СУГС Георги Димитров, а ќе ги судат квалификувани и лиценцирани судии.

За учесниците, а посебно за победниците, подготвени се атрактивни награди кои ќе бидат доделени за време на последната Гала, на завршувањето на сезоната во лигата.

Остануваат уште неколку места за да бидете дел од фудбалското уживање и да ја споделите страста со останатите. Пријавете се на тел. 077-526-778, информирајте се на www.hobiliga.mk

Се вчитува...