Спогодбена разделба со Ивановски, Вардар ќе има нов спортски директор

Вардар денеска објави значајна промена во раководните функции откако досегашниот спортски директор во клубот, Игор Ивановски, си замина од таборот на „црвено-црните“.

Ивановски дојде во Вардар пред повеќе од една година и беше дел од управата што финансиски го консолидираше клубот, но неговата соработка со најтрофејниот македонски фудбалски колектив и официјално заврши денеска.

„После 14 месеци повеќе од успешна соработка, ФК Вардар АД и спортскиот директор на клубот Игор Ивановски, спогодбено се разделија.  Клубот му благодари на сработеното и му посакува успешна следна епизода во животот“, се вели во објавата на официјалната веб-страница на Вардар.

Се вчитува...