Екиипата на Шкипи непосредно пред почетокот на сезоната промовираше новиот спонзор, и покажа како ќе изгледа новиот тренинг камп на екипата кој ќе се гради заедно со новиот спонзор и со државна помош.
Спонзорот е „Паша Груп“, спонзор на неколку турски клубови, меѓу кои и на великаните Бешикташ и Фенербахче, како и на кошаркарскиот клуб Фенербахче. Станува збор за ланец хотели и туристички комплекси во северот на Кипар и во Турција.
„Голема чест ми е што еден ваков спонзор во името на Паша Груп. Тоа е еден од најпознатите спонзори на спортот во Турција. Спонзорира неколку фудбалски клубови меѓу кои и Фенербахче и Бешикташ, како и кошаркарскиот клуб Фенербахче. За нас како клуб ова е голем чекор, и дополнително со проектот кој планираме да го работиме заедно со нив со поддршка на државата. Веќе имаме проект, кој навистина се надеваме дека ќе започнаме да го реализираме. Голем и значаен проект не само за Шкупи, туку и за фудбалот во Македонија. За почеток ова ќе биде проект на 2000 метри квадратни. Ќе има 25 соби за фудбалерите, соби за конференции, одмор, фитнес центар, кујна, простор за релаксација, комплекс кој ќе им служи на спортистите. Ќе има три фудбалски терени. Ова е комплекс кој во иднина ќе има цел да им служи и на македонскиот национален тим. Да се заблагодарам и на градочалникот на Општина Чаир, и еден од терените ќе биде направен токму од општината. Нашата цел е да формираме единство, и се надевам дека овој проект ќе придонесе за ова“, рече претседателот на Шкупи Олгун Ајдин.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу рече дека ова треба да придонесе за уште подобри резултати на клубот.
„И на управата и на новиот спонзор им посакувам успешна сезона, затоа што сме на праг на новата сезона. Шкупи е значајно име во македонскиот фудбал, и така ќе биде и во иднина. Ја користам приликата да се заблагодарам на претседателот Олгун, кој успеа да го врати клубот на старите шампионски патеки. Задоволство ми е што клубот добива и нов тренинг камп, и верувам дека ова ќе биде поттик за нови успеси на тимот“, рече градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.
Претставникот на „Паша Груп“ Бурак Ертам истакна задоволство од соработката со Шкупи.
„Паша Груп кој стана еден од важните поддржувачи на турскиот спорт, и во добро етаблирани клубови, во својата листа на соработки ја става и Шкупи, и искрено сме почестени од можноста да соработуваме. Немам зборови да ја опишам честа што ја имам да бидам тука. Ќе бидеме искрен поддржувач во иднина за Шкупи да ги оствари целите. Верувам дека оваа соработка ќе биде крунисана со врвни достигнувања во иднина, и се надевам дека од ова единство ќе произлезе силата на клубот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА