Аргентинскиот фудбалски генијалец Лионел Меси е избран за најдобар фудбалер за 2019 година во изборот на ФИФА и ја доби наградата „The Best“. Тој во најтесниот избор ги победи дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, и Кристијано Роналдо, ѕвездата на Јувентус, кој и не дојде на гала свеченоста, веројатно знаејќи го и исходот.
Меси изминатата година ја освои титулата во Шпанија со Барселона, го крена и Суперкупот на Шпанија, беше најдобар стрелец во Ла Лига, најдобар стрелец во ЛШ и „златна копачка“ на Европа.
„Ова е специјална ноќ за мене, би сакал да се заблагодарам за оваа награда, секако дека ја делам со сите соиграчи од Барселона и од селекцијата на Аргентина, а ја посветувам на семејството. Индивидуалните награди сепак се во втор план во фудбалот, секогаш тимските трофеи се највредни“, изјави Лионел Меси.
Кај дамите, признанието за најдобра фудбалерка во светот за 2019 година и припадна на Американката Меган Рапино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА