Македонската фудбалска репрезентација во 2024 година мина зад себе одличен настап во Лигата на нациите преку кој обезбеди Б-сегмент од европското репрезентативно натпреварување, но и со освоените 16 бода во групата од Ц-сегментот веќе е со огромна веројатност за бараж за пласман на Светското првенство 2026.
Секако, Македонија низ редовните квалификации оваа година ја очекува битката и за директен пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, но важи како една од селекциите со најголеми шанси за обезбедување бараж за место меѓу најдобрите во светот. Сето се разбира, само поради одличните настапи во Лигата на нациите и огромната веројатност токму поради тоа настап да се обезбеди баражот за СП.
Според „Фудбал Дата“, Македонија е втора селекција од Европа, со 88% веројатност за веќе обезбеден бараж во ракав. Единствено пред македонската селекција на листата е Северна Ирска со 90% веројатност дека ќе игра бараж за СП 2026.
Интересно, анализите на „Фудбал Дата“, даваат само 11% шанси на македонската селекција дека ќе се избори за директен пласман на Мундијалот следната година, или прво мест во квалификациската група. Сосема очекувано најголеми шанси од нашата квалификациска група има Белгија (58%), а потоа следи Велс со 28% веројатност за директен пласман, Казахстан има само 2% веројатност дека може директно да се пласира на Мундијал, а Лихтенштајн нема никакви шанси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА