Фудбалските аналитичари во Европа почнаа да лиферуваат и со статистичките показатели околу тоа кои европски селекции се со најголеми можности од квалификациските групи за директен пласман на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.
Според последните анализи, на три кола до крајот од квалифкациите, по синоќешното реми со Белгија, Македонија е со само 7% шанси за освојување на првото место во групата и директен пласман на Мундијалот 2026.
Но, Македонија веќе сигурно во рака има бараж за СП. Според истите анализи, пак, македонската репрезентација е со 94% шанси за обезбедување бараж, кој речиси 100%, пак, го има преку Лигата на нациите.
А, согласно симулациите, најверојатни противници кои Македонија би можела да ги има во полуфиналето од баражот се, интересно повторно како и пред две години Италија, па Турција и Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

