Според фудбалската аналитичка дата база, „Фудбал дата“, сите македонски екипи ова лето ќе го минат првото квалификациско коло на европската сцена.
И покрај тоа што се во неносители во првата квалификациската рунда, и Шкендија во Лигата на шампионите, и Вардар, и Работнички и Силекс во Конференциската лига на УЕФА, ќе се пласираат во второто коло.
Шкендија на стартот од квалификациите игра против велшки Њу Сеинтс, но според „Фудбал дата“, има поголема веројатност, според квалитетот на составот и традицијата, да продолжи понатаму.

Исто така, се предвидува дека и Вардар, Работнички и Силекс ќе продолжат понатаму во втората квалификациска рунда од Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

