„Според мене Кукуреља треба да ја добие Златната топка“

Поранешниот германски тренер Феликс Магат го претстави својот избор за „Златната топка“, притоа изоставајќи многу имиња кои вообичаено се меѓу главните фаворити.

На врвот на својата листа тој стави тројца шпански репрезентативци, а првото место му го додели на левиот бек Марко Кукуреља, пред Родри и Фабијан Руиз.

Магат својот избор го образложи преку игрите што Кукуреља ги прикажува на позицијата лев бек.

Германскиот стручњак особено ги истакна неговите дефанзивни квалитети, физичката сила и придонесот во напаѓачките акции, сметајќи дека токму комбинацијата од овие карактеристики го издвојува шпанскиот репрезентативец од конкуренцијата.

„Тој е лев бек од светска класа. Секогаш е присутен, исклучително е моќен во трчањето и речиси никогаш не губи дуели. Според мене тој треба да ја освои „Златната топка““, истакна Магат.

Се вчитува...