Според проекциите на „Фудбал ранкингс“: Македонија ќе игра бараж за СП 2026, но нема да се пласира на Мундијал!

Репрезентација на Македонија успешно го стартуваше квалификацискиот циклус за пласман на СП 2026 со четири бода освоени во првите две рунди, задржувајќи се на лидерската позиција во групата пред следните два јунски натпревари.

Аналитичаката фудбалска страница „Фудбал ранкингс“ има првични проекции околу тоа кои репрезентации ќе се изборат за бараж за пласман на Мундијалот следната година. Во тие проценки, од „Фудбал ранкингс“ предвидуваат дека Македонија, или преку квалификациската група или преку успехот од Лигата на нации, ќе се избори за бараж за учество на Светското првенство кое во 2026 ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Но, прогнозата е дека на крај Македонија, нема да успее да обезбеди место на Мундијалот, а од нашата Група Ј од квалификациите единствено Белгија ќе игра на СП, а ждрепката ќе ја чека од првиот шешир.

Светското првенство следната година ќе биде прво со 48 репрезентации.

Се вчитува...