Синоќешната победа на Ливерпул на гостувањето против Њукасл во Премиерлигата, мина во сенка и на тешката повреда на Мохамед Салах кој по еден судир со противничките дефанзивци мораше на носилки да ја напушти играта.
Според првичните проценки извесено е дека „црвените“ нема да може да сметаат на своите најдобри фудбалери Салах и Фирмино за реванш средбата со Барселона во ЛШ, што е голем шок за Јирген Клоп.
Менаџерот на Ливерпул веднаш по синоќешниот натпревар даде прва информација околу ситуацијата на Салах, истакнувајќи:
„Мо во собекувалната го догледа остатокот од натпреварот. Тој е во ред. Доби удар во главата, но треба да се направат сега детални лекарски прегледи па ќе знаеме што како“ – рече Клоп.
Салах мирно го напушти синоќешниот дуел на „Сент Џејмс парк“. Во клубот веруваат дека повредата не е сериозна.
?? RT @DylanOD89321994: Good new for Liverpool as Mo Salah gets on the bus with the rest of the team after being cleared by the LFC medical staff #MoSalah pic.twitter.com/ZkS0qYtOZz
— Sarah⚜️ (@MissSarah_2) May 4, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА